| четврток, 6 декември 2018 |

Швајнштајгер во драматичен финиш му носи три бода на Манчестер Јунајтед (видео)

mancester junajted

Манчестер Јунајтед успеа да слави победа во рамките од 13.коло од Премиер лигата на тешкото гостување кај Ватфорд од 2-1.
Во драматичен финиш победата за „црвените ѓаволи“ ја носи германскиот репрезентативец Бастијан Швајнштајгер кој успеа да го матира голманот на Ватфорд во судиското продолжение од мечот со помош на домашниот играч Динеј.
Резултатот го отвори Мемфис Депај кој усшпешно стрелаше во 11. минута од првото полувреме и му донесе предност на својот тим.
Можеше многу лесно двата тима да ги поделат бодови по голот на Динеј од пенал во 87 минута. Сепак среќниот гол на Швајнштајгер го искачи Манчестер Јунајтед на првото место на табелата со 27.бода, еден повеќе од Манчестер Сити и Арсенал кои имаат и натпревар помалку.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top