| четврток, 6 декември 2018 |

Издадени 4.840 пртврди на мигранти

Потврди за барање за азил вчера им биле издадени на 4.840 странски државјани. Преку Македонија од 19 јуни до 20 ноември оваа година поминале 265.846 мигранти, соопштија од МВР.

Состојбата на границата, според МВР, е редовна и на северната и на јужната граница.

На Граничниот премин Табановце нема задржување, а во Прифатниот транзитен центар регистрацијата се одвива редовно. Од грчка страна има околу 700 лица на кои не им е дозволен влез, а останатите мигранти се примаат во согласност со процедурите.

Барања за азил вчера им биле издадени на 2.413 лица од машки пол, 872 од женски, 1.169 деца кои го придружуваат носителот на потврдата, како и уште 386 деца кои патуваат без родител.

Според државјанството на лицата на кои им се издадени потврди, најбројни се државјаните на Сирија-2.237, Авганистан–1.839, Ирак-764, додека другите се во помал број.

Од почетокот на издавање на барање за азил досега поминале 156.025 мигранти од машки пол, 40.629 се од женски, 55.210 се деца кои го придружуваат носителот на потврдата, како и уште 13.982 деца кои патуваат без родител, на кои им е издадена потврда за искажана намера за поднесување на барање за признавање на право на азил.

Според државјанството на лицата на кои им се издадени потврди, најбројни се државјаните на Сирија-162.372, потоа Авганистан-59.578, Ирак-22.466, Иран-6.231, Пакистан-5.416, Палестина-2.158, Сомалија-1.276, Бангладеш-1.253, Мароко-1.311, Конго-514, Либан-434, Алжир-452, Нигерија-275, додека останатите се во помал број.

Во изминатите 24 часа до Одделението за азил не се поднесени барања за признавање на право на азил врз основа на претходно издадена потврда за искажана намера за поднесување на барање за признавање на право на азил.

Од започнувањето на издавањето на потврдите до вчера до Одделението за азил се поднесени 70 барања за признавање на право на азил врз основа на претходно издадена потврда. Педесет и едно барање се од државјани на Сирија, од нив 15 за деца, потоа пет барања од државјани на Авганистан од нив четири се деца кои го придружуваат родителот, три барања од државјани од Пакистан , по две барања од државјани од Мароко, Либан, Палестина, Алжир и Ирак (четири од барањата се за деца) и едно барање од државјанин на Египет.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top