| четврток, 6 декември 2018 |

Со „Шишка Делукс“ се спушта завесата на „Синедејс“

Со македонска премиера на филмот „Шишка Делукс” на Јан Цвитковиќ во кино „Милениум” (20 часот) денеска ќе се спушти завесата на филмскиот фестивал „Синедејс”.

0b32293b-49ae-4be9-8e88-a347b5a8c1c5

Режисерот е најавен како гостин и ќе одржи прес конференција во недела. Филмот е словенечко­македонско­чешка копродукција и е неодамнешен добитник на наградата од публика на Филмскиот фестивал Котбус.

Вечерва во кино „Фросина”, пак, од 21 часот ќе може да се види музичкиот документарец посветен на Ејми Вајнхаус а насловен едноставно „Ејми”.

За крај, од организаторот МКЦ најавуваат журка и изненадувањед пријателите од Белград ­ Кишобран Колектив.

Викендов ќе бидат познати и добитниците на наградите за најдобар филм во Официјалната програма и Синебалкан и ќе бидат прогласени победниците од конкурсот за најдобра филмска критика.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top