Свадбата на деценијата во Белград е на прагот. Северина и Игор ќе се венчаат в недела. Според пишувањето на српските медиуми, веселбата ќе ја плати Кеба.
Северина и Игор имаат сериозен трошок бидејќи 100 од 500-те гости остануваат на спиење во луксузниот хотел, што Севе и Игор ќе ги чини 17 000 евра.
– Игор ми рече, тато, ја сакам и ќе ја сакам до крајот на животот – вели Кеба кој зa свадбата на синот ќе прежали 80 000 евра.
На гостите не смее ништо да им недостига, а Северина до нив има само една молба да не носaт мобилни и да не ставаат фотографии на социјалните мрежи.
Младенците веќе имале договор со еден магазин кој ексклузивно ќе ги објави фотографиите од свадбата.
Ќе има бројни припадници на служба зa обезбедување кои ќе имаат една најважна задача да не се дозволи медиумите да „фатат“ ни делче од настанот.
„Блиц“ пишува дека Северина е во Белград и ја држи ситуацијата под контрола. И на келнерите и на целиот персонал во хотелот им се забранети мобилни. Тие потпишале и договори за заштита на приватноста на двојката.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.