| четврток, 6 декември 2018 |

Голден Стејт не знаат за доста, Њу Орлеанс ја прекина низата на Сан Антонио (видео)

feniks

Синоќа во НБА лигата беа одиграни 11 натпревари, а вечерта донесе и неколку изненадувања.
Њу Орлеанс на домашен паркет успеа да ја прекине низата на поранешниот шампион Сан Антонио од шест победи по ред и славеше победа од 104-90. Рајан Андерсон беше предводникот на Њу Орлеанс во триумфот постигнувајќи 30 поени, додека кај Спарси повторно најдобар беше Кавај Ленард со 22 постигнати поени.

Актуелниот шампион Голден Стејт само го подобруваат клупскиот рекорд од натпревар во натпревар. Ноќеска стигнаа до 14. победа од стартот на сезона и имаат стопроцентен учинок, а нова жртва беше Чикаго кој немаше што да бара во овој натпревар бидејќи најдобриот играч на Вориорс повторно беше располежен за игра постигнувајќи 27 поени. Харисон Барнс додаде 20. Тие се првиот актуелен шампион во НБА, кој сезоната ја почнал со ваква серија по пауза од половина век. Последен ваков подвиг имал Бостон, во 1957 година, а само уште четири тима во историјата успеале да почнат сезона со, барем, 14 победи во серија.

Спротивно на Вориорс, Филаделфија е на пат да урива негативни рекорди, запишувајќи нов пораз, аз 0-13 од почетокот на сезоната. Шарлот им зема мерка на 76-ките со 113-88 и го продолжи нивниот пост без победа од 27 март.

Њујорк го направи најголемото изненадување победувајќи ја Оклахома на гости со 93-90. Кај домаќините Расел Вестбрук имаше своја вечер со 34 поени, но тоа не беше доволно за победа бидејќи на спротивната страна Кармело Ентони ги предводеше Никс со 25 коша.

НБА резултати:
Шарлот – Филаделфија 113-88, Бостон – Бруклин 120-95, Мемфис – Хјустон 96-84, Минесота – Детроит 86-96, Њу Орлеанс – Сан Антонио 104-90, Оклахома – Њујорк никс 90-93, Далас – Јута 102-93, Денвер – Феникс 107-114, Портланд – ЛА Клиперс 102-91, Голден стејт – Чикаго 106-94, ЛА Лејкерс – Торонто 91-102

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top