| четврток, 6 декември 2018 |

Мамиќ: Драконската казна на Адеми е изживување врз малите и тренирање строгост

zoran mamic

Откако и официјално беше обелоденета одлуката на УЕФА за драконската казна за македонскиот репрезентативец Аријан Адеми кој ќе мора да отуствува од терените четири години поради позитивни допинг резултати, револтот кај челниците на негвиот клуб Динамо Загреб е огромен.
Претходно според правила на УЕФА, се додека не беше официјалзирана одлуката никој не смееше да дава никакви изјави. Подршката која ја добива Адеми од сите страни е огромна, а се изјасни и неговиот тренер Зоран Мамиќ кој беше жесток во неговата изјава и не штедеше зборови да ја нападне Европската фудбалска федерација.

– Ова е изживување врз малите фудбалски средини и тоа нема никаква смисла. Вака да се казни момчето откако и стручњаците и тој докажаа дека се работи за загаден суплемент и прифатија дека тој не знаел дека зема нешто што не смее е срамно – изјави Мамиќ.

Од Хрватска тврдат дека ќе се жалат, но доколку не се прифати нивната жалба јасно е дека тоа ќе биде крај за кариерата на Адеми.

– Да казни некој со четири години е идиотизам и не знам што да кажам. Каква ќе беше ме интересира казната да беше клуб како Арсенал, Манчестер јунајтед, Бајерн или таков некој? Ова е понижување за сите нас. Ова е понижување за фудбалот воопшто – вели Мамиќ и дополни:

– Како клуб ќе се жалиме до сите можни институции, па дури и оние за човекови права. Ќе се бориме за Адеми до последна капка. Се работи за извонредно, пред се момче, а потоа и професионалец и сакаме заштита за него.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top