Препорачуваме на жителите на Брисел да избегнуваат места каде што се собираат многу луѓе како што се шопнг-центри, концерти или станици на јавен превоз – изјави портпаролот на владиниот кризен центар на Брисел, откако во овој град беше подигнат степенот на узбуна на највисоко скалило.
Ова откако беше уапсено лице против кое е покрената тужба за тероризам во врска со нападите во Париз во кои загинаа 130 лица.
Уште не е објавен идентитетот на лицето кое е уапсено.
Утринава во Брисел е стопирано движењето на подземната железница поради терористички закани.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


