| четврток, 6 декември 2018 |

Се смеаат покрај мртвиот татко: Тие не се луди само имаат сериозна порака за вас

Откако го загубила  сопругот од предозирање со хероин, Ева Холанд од Охајо решила покрај неговото тело да се фотографира со насмеаните деца, со цел да укаже на тоа дека смртта на нејзиниот сопруг можела да биде спречена.

droga5

Нејзиниот 26 – годишен сопруг Мајк Стилс починал на 2 септември откако повторно потклекнал пред зависноста. По Божиќ излегол од клиника за одвикнување “како нов човек“, но тоа не траело долго.

Мајк се навлекол на хероин откако станал зависен од лекови против болки. За време на неговиот погреб минатата недела, Холанд решила да ја фотографира и последната фотографија со него. Таа и децата, Лукас и Ава, насмеани позирале покрај телото на саканиот сопруг и татко, а потоа фотографијата ја објавила на Фејсбук и Инстаграм со трогателна порака.

-Сигурна сум дека на многу луѓе им е непријатно поради оваа фотографија, а некои дури и се разгневиле поради неа, но ја снимив за да им покажам на сите како изгледа зависноста, напишала таа.

Тие двајца нивната 11-годишна врска и бракот  ги започнале како тинејџери , а вдовицата на сите им порача дека единствениот излез од пеколот на зависноста е одлуката дека секој ден ќе се лекувате.

droga-55

-Ниту еден родител не би требало да го погреба  своето дете и ниту едно дете малечко како нашите не би требало да го погреба својот родител. Ова не можеше да се избегне, не требаше да се случи, но една погрешна одлука го уништи нашето семејство. Знам дека многумина се потресени што ова го објавив, но со криење на фактите само и помагаме на епидемијата. Суровата вистина е дека хероинот  убива. Можеби мислите дека тоа нема да ви се случи на вас, но знаете што, тоа го веруваше и Мајк, напишала.

Појасни дека нејзиниот сопруг почнал да користи дрога на почетокот на нивната врска.

-Бевме заедно 11 години. Бев тука пред се да започне. Занев што сака од живото, сите негови надежи и сништа. Никогаш не сонуваше дека неговиот живот вака ќе се заврши. Беше совршен син, брат, пријател и најважно совршен татко. Ги сакаше овие деца повеќе од се. Но како што сите знаеме, понекогаш животот е тежок и ние правиме грешни одлуки. Неговата зависност почнала со таблети против болки, а хероинот беше  неизбежен.  Не сакаше толку многу што на крајот на минатата година реши дека е доста и замина на одвикнување. Се врати пред Божиќ како нов човек. Најде нова причина за живот, му се врати насмевката на лицето, стана човек, син, брат и татко кој на сите ни беше потребен, напишала.

droga-555

Холанд открила дека нејзиниот сопруг повторно ја загубил контролата кога почнал да пие лекови за забоболка.

-Му одеше добро, но пред неколку месеци повторно почна со една таблета против забоболка која го врати на патот на зависноста. Рече дека може да излезе на крај со тоа, дека може да прекине и дека овој пат не му е потребна помош. Но не беше во право.  Таткото на моите деца, човекот кој го сакав од детството ја изгуби оваа битка. Морав да ја поделам неговата приказна за да му помогнам  барем на некој, напишала.

И нејзиниот сопруг на неговиот Фејсбук отворено пишувал за борбата со зависноста. “Трезен е најдобриот изглед“, напишал во април минатата година до негова фотографија. Во мај објавил две негови фотографии, една од деновите на зависност и една по лекувањето. Истиот месец  открил дека тој и сопругата се разделиле, но се решиле да се смират и повторно да бидат семејство.

Фотографијата на насмеаното семејство на Мајк до неговото тело досега е споделена повеќе стотина илјада пати, а Холанд раскажала дека зависниците на улица и приоѓаат и се заблагодаруваат поради тоа што го сторила.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top