
Загубени во деструктивната стратегија, нокаутирани по резултатите од последната анкета во која и по сè рејтингот на Заев е паднат за три проценти, односно за толку е зголемена и онака огромната разлика меѓу Заев и премиерот Никола Груевски, сè почесто СДСМ се потпира на услугите на српските стратези за односи со јавноста, кои зачестено се на адреса Павел Шатев.
Советниците на Заев, или „загрижените гости“, како што сака Петре Шилегов да ги претстави, денеска повторно беа во партиското седиште на СДСМ, а нив ги регистрираше и камерата на ТВ „Република“.
Пратеникот, претседател на собраниска анкетна комисија, партиски портпарол и адвокат по струка Петре Шилегов денеска повторно негира договор со српската агенција за односи со јавноста. На прашањето зошто не одговараат на упатените прашања од редакцијата на „Република“, Шилегов почна со навреди да оценува дали „Република“ е медиум или не.
Почитуван пратеник Шилегов, „Република“ е медиум што неколку години го креира јавното мнение во Македонија. „Република“ е медиумска куќа, која има свое неделно печатено издание, интернет-портал на македонски, албански и на англиски јазик, како и портал на кој се емитуваат проектите на видеопродукцијата на „Република“. Кој и што работи во „Република“ е јавно објавено во импресумот и за неделникот и за порталот уште од првиот ден на работа.
Тоа ви е добро познато, особено што импресумот беше дел од црната кампања од вашите поклоници, за што беа употребувани навредливи зборови за кои „говор на омраза“ дури е и блага дефиниција.
Импресумот на редакцијата „Република“ ви е добро познат, особено по гостувањето на вашиот претседател, Зоран Заев, во видеоинтервју. За волја на вистината, тоа што потоа се обидовте да го „исперете“ кажаното со струмичко-македонски толкувачи, сега излегува на виделина.
За редакцијата што со сите сили се обидувате да ја негирате, прашајте ги колегите од „постариот“ партиски состав, како Гордан Георгиев, Андреј Петров, Јани Макрадули, Есад Рахиќ, Ивор Мицковски, па и Кире Наумов, Ванчо Узунов, Солза Грчева, Љубица Буралиева и редица други.
Потоа, пратенику Шилегов, прашајте ги дали некогаш некој од редакција „Република“ бил на кафе кај вас или во некој друг партиски штаб. За разлика од тие на кои сте научени, тие што најчесто работат без импресум, или сè уште се обидуваат да се претстават како „независни“, па потоа да работат како партиски луѓе за односи со јавноста, лично на Заев, како независниот Роберт Поповски, или преку медиумските куќи блиски до вас, а финансирани од СОРОС.
За импресумот на редакција „Република“ обратете се и кај Оливер Спасовски, тогашниот партиски секретар, а сега технички министер, кој по низа несогласувања со вашиот лидер, се јави во „Република“ за интервју, но потоа беше сопрен од вашиот прес-центар. Исто како што се обидовте да ја забранивте комуникацијата на членството на СДСМ со трите медиуми на редакција „Република“.
Како сериозна редакција во која работат вистински новинари, и овој пат „Република“ ве поканува да дојдете кај нас, на интервју, пред камери, да одговорите на прашањата од кои бегате подолго време. И ние имаме кафе, добри домаќини сме, прашајте наоколу.

Доколку се охрабрите да дојдете, понесете ги и одговорите за тоа: Како се вика српската агенција за односи со јавноста, која ја кове деструктивната стратегија на СДСМ?; Кога ќе го објавите договорот со нив за што сте обврзани?; Колку партијата ја чинат советите од српските стратези по кои рејтингот на партијата ви опаѓа?; На кој начин ги исплаќате обврските од договорот кон советниците?
Во оваа пригода, да го искористиме и моментот кога се разговара за „слободата на медиумите“ , би ве замолиле да ги „ослободите“ вашите потчинети да не мора да се кријат дека одговараат на телефон.
Знаете каде сме, цело лето работевте како диџеј во кампот под прозорец, а сега на истото место давате изјави за медиумите.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)


