На 43. седница на Советот на Општина Аеродром беше донесен Буџетот на Општина Аеродром за 2016 година.
Новиот Буџет, кој е речиси идентичен со минатогодишниот, изнесува околу 17 милиони евра, од кои 11 милиони се предвидени за дотации и плати во основните училишта и градинки, а другите шест за реализација на проектите почнати во 2015 година, како и на голем број проекти предвидени за 2016 година, со кои ќе се подобрат условите за живот на граѓаните во Општина Аеродром.
Меѓу покрупните проекти опфатени во Буџетот за реализација во 2016 година се изградба на две нови детски градинки, од кои едната во Горно Лисиче, а другата во Аеродром, поточно во населбата Јане Сандански.
Буџетот предвидува, исто така, целосна изградба на улицата „Руди Чајавец“ во Стар Аеродром, изградба на нова улица во Реонски центар „Аеродром“, изградба на две нови улици во Мичурин и тоа „Анастас Митрев 1“ и „Венијамин Мачуковски 3“, целосна реконструкција на улицата Ѓорѓи Капчев во Горно Лисиче, како и реконструкција на три моста на Усјанскиот Канал.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Инцидент на скопски аеродром: Експлодирал куферот на Тајзи, интервенирало обезбедувањето (фото)
-
Марин не си го исполни ветеното: Наместо паркинг никнува зграда во Аеродром
-
Апсење на скопски аеродром, уапсен млад маж
-
Митески: Една година откако локалната власт во Аеродром е под раководство на СДСМ и Златко Марин, а разочарувањето на жителите е огромно(видео)