| четврток, 6 декември 2018 |

Протест за поддршка на Дамјановски

зоран дамјановски

Заврши мирниот протест на група граѓани од Куманово пред општинската зграда каде што воедно е сместена и општинската изборна комисија, давајќи му поддршка на кандидатот за градоначалник од СДСМ, Зоран Дамјановски.

Пред присутните се обрати шефот на изборниот штаб на СДСМ, Оливер Спасовски, кој рече дека нема да дозволат, како што истакна, да се фалсификува волјата на гласачите кои во вториот круг му дадоа поддршка на Дамјановски.

– Куманово денеска самостојно сака да протестира, ќе искажеме верба во институциите на системот, очекувам Државната изборна комисија и судските институции да судат според закон, а не според партиски наредби – рече Спасовски.

Дамјановски истакна дека треба да се почитува волјата на гласачите и посочи оти политичките опоненти поднесуваат 30 приговори, за, како што рече, ниту една забелешка во записниците.

Тој ги повика присутните на мирен протест кој ќе се одржи утре во 11 часот пред зградата на Општината.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top