Роџер Федерер на крајот од сезона за завршниот мастерс турнир во Лондон игра во форма како од најдобрите денови. Во трите натпревари од групата А извојува истотолку победи вклучувајќи ја и победата против најдобриот светски рекет Новак Ѓоковиќ.
Популарниот „Федекс“ изненади многумина со својот нов имиџ со брада, која очигледно му носи среќа. Тој по вчерашната средба против Кеи Нишикори кратко искоментира во врска со ова, откривајќи дека не знае дали новиот имиџ и се допаѓа на неговата сопруга.
– Мирка е ОК со брадата, мислам дека е така. Не ја прашувам ништо на оваа тема, тоа е одлука што самиот си ја донесов, не знам за твојата сопруга, но јас имам право да се бричам или да не се бричам кога сакам – со насмевка му одговори Федерер на британскиот новинар.
Следеше и прашањето дали планира да не се бричи се додека победува на тениските мечеви.
„Се уште не знам. Ако ме чеша многу, ќе се избричам, ако им пречи на моите ќерки ќе се избричам. Ако се погледнам во огледало и веќе не ми се допаѓа, ќе се избричам. Можеби ќе го почекам Божиќ за да бидам како Дедо Мраз, празникот не е толку далеку“ – расположен беше за шега швајцарскиот тениски ас.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.