В недела во СЦ „Јане Сандански“ во рамките од осмото коло од Лигата на шампиони гостува европскиот шампион Барселона која е лидерот во групата Б откако пред една недела славеше на домашен терен против Вардар минимално со 31-30. Тоа е знак дека екипата на „црвено-црните“ се наоѓа во самиот европски врв и подготвена за високи дострели оваа сезона. Желбата на сите во клубот е пласман на завршниот турнир на најдобрите четири екипи во Келн, но претходно треба ангажирано и контреирано да се одиграат и останатите седум натпревари.
Прв таков дерби дуел е против Барселона на домашен терен и се е подготвено за голем спектакл.
Еден од најдобрите ракометари во таборот на вардаци секако е Алекс Дујшебаев кој потенцираше дека со малку среќа која недостасуваше во „Блауграна“ може да се победи европскиот шампион.
– Мислам дека првиот меч беше добар, одигравме квалитетно, но ни требаше можеби малку среќа за да освоиме барем еден бод. Оваа седмица сме поодморени и пофокусирани, знаеме дека неделниот меч е многу важен за нас. Играме со европскиот првак, ќе биде тешко, но со поддршка од нашите навивачи имаме големи шанси за победа. Треба да отстраниме дел од грешките од првиот натпревар, ако одиграме 100% можеме да го победиме секој натпревар, во одбраната да ги неутрализираме главните играчи на Барселона. Најважно е ние да одиграме како што знаеме – изјави десниот бек Алекс Душебајев.
Големиот дерби-дуел се игра в недела во СЦ „Јане Сандански“ со почеток од 17.45 часот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.