Единицата за известување и команда при СВР Скопје на 16 месецов од А.С. (41) добила пријавила дека неговата сопруга Е.С. (37), која била психички растроена, се заканувала дека ќе му наштети на нивното дето и на себеси. Тој побарал интервенција од полиција за да ја носи сопругата во соодветна институција, при што известил дека тргнал од работа кон неговиот дом во Хиподром.
Во меѓувреме во 8.59 часот во Единицата за известување и команда при СВР Скопје лицето Л.П. телефонски пријавила дека на ул:„Пехчевска“ во н. Хиподром на четвртиот кат на тераса се наоѓала нивната соседка заедно со нејзиното малолетно дете, која викала дека ќе го фрли детето и дека самата ќе се фрли. По добиената пријава на местото на настанот била упатена групата за интервенции, која по пристигнувањето ја констатирале фактичката состојба и побарале да дојдат екипи на итна медицинска помош и бригадата за противпожарна заштита и да донесат воздушен душек. Противпожарната бригада со возило пристигнала од задната страна на зградата каде бил подобар пристапот за поставување на воздушниот душек. Истовремено А.С. заедно со соседот З.О. стоеле под терасата и разговарале со Е.С.со намера да разубедат во намерата. Околу 09.50 часот Е.С. го качила нивното шестгодишно дете на прозорот од западниот дел на терасата и со раце го турнала. Паѓајќи, детето со глава удрило на метална шипка за поставување на жица за алишта, а неговиот татко и соседот З.О. успеале да го прифатат со раце и да гу ублажат падот. Детето со возило на итна медицинска помош било однесено во Ургентен центар за укажување на медицинска помош. За тоа време Е.С. разговарала на телефон и фрлила два мобилни телефона и лист хартија – проштално писмо. Од страна на Противпожарната бригада душекот бил поставен под терасата каде се наоѓала Е.С., но таа откако ќе видела дека е поставен душекот, влегувала во станот и се појавувала на прозорците од западната и југоисточната страна, каде душекот бил преместуван.
Во меѓувреме, преку Единицата за известување и команда е побарано да се вклучи алпинистички тим и лица за преговарање од Единицата за специјални задачи, кои со три возила пристигнале на местото на настанот околу 10.05-10.10 часот. По согледување на состојбата кон влезната врата од станот, веднаш се упатени преговарачкиот тим и тимот за обезбедување со задача да воспостават вербална комуникација со жената и да го обезбедат просторот. Околу 10.15 часот, преговарачкиот тим успеал да воспостави вербален контакт со Е.С. при што таа одговарала во вид на исповед за сè што направила и има намера да направи. Било побарано да ја отвори вратата со намера да се оддалечи од прозорците (за да на алпинистичкиот тим му овозможи да се спушти и ги блокира прозорците од станот), но таа не прифатила. Направен е и обид со давање информација за добра здравствена состојба на нејзиниот син да се одврати од намерата. За цело време додека траела комуникацијата Е.С седела на рамката од прозорецот. Околу 10.20 часот прекинала комуникацијата, а Е.С., која била свртена со грбот кон надвор, ја тргнала раката од рамката на прозорецот и со наклонување наназад паднала . Во тој момент алпинистот се спуштил обидувајќи се да ја спаси, но не успел во намерата. Со возило на итна медицинска Е.С. помош била однесена во ургентен центар. Од извршените проверки во ургентниот центар од медицинските лица е заклучено дека Е.С се здобила со повреди на градниот кош, додека нејзиниот син се здобил со повреди на коските на главата . По извршениот разговор со А.С. е дознаено дека неговата сопруга имала здравствени проблеми (психички нарушувања) и дека имале семејни недоразбирања.
Увидот е во фаза на изработка и истиот во наредните денови ќе биде процесиран до Основното Јавно Обвинителство во Скопје.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
МВР потврди: Лице од битолско виновен за оштетените камења на македонско-грчката граница
-
МВР: Добивме потврда од унгарското министерство дека Никола Груевски е во Унгарија и дека побарал азил
-
Ако сте родиле машко бебе имате поголема шасна да страдате од постпородилна депресија
-
Кривична пријава за загрозување на сигурноста и ширење ксенофобичен материјал на социјални мрежи