Најстариот детски фестивал во земјава „Златно славејче“ годинава се одржува по 45-ти пат. Денеска втори ден салата „Борис Трајковски“ е преполна. Музика, детска песна, намсевки, џагор…
Се бара влезница повеќе. Билетите и за утрешниот настап на славејчињата се распродадени.
Организатор од првиот ден е Советот за грижи и воспитување деца на градот Скопје.
Водител по осми пат е популарниот пејач Влатко Илиевски, кој и самиот во 1997 година пеел на фестивалот за една „Наташка“.
Снимено и цеде со новите 17 песнички, а освен овие три средби со публиката, на средината на декември се планира гала-концерт во Македонскиот народен театар, своевидна средба на славејчињата што досега биле дел од фестивалот, со чии песни израснаа неколку генерации.
Дел од атмосферата ви ја претставуваме преку видеото на кое може да ја слушнете песничката на Анастасија Никова.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)