| четврток, 6 декември 2018 |

ВМРО-ДПМНЕ со огромна и убедлива предност пред СДСМ

Vmro Miting Zaedno sme posilni 18 05 15 (1) (Custom)

ВМРО-ДПМНЕ е со убедлива и огромна предност пред СДСМ на најновата анкета на реномираниот и угледен Американски републикански институт(IRI) со седиште во Вашингтон.

ВМРО-ДПМНЕ со двојна предност во однос на СДСМ. 24 проценти од граѓаните се определиле дека ќе гласаат за ВМРО-ДПМНЕ, а за СДСМ двојно помалку само 12 проценти.
iri.jpg-500
Денеска е јасна причината зошто СДСМ ја криеше бројката за рејтингот на Заев. Односно тој има рејтинг од само 5%, наспроти 18% на премиерот Груевски односно 35 % од граѓаните кој сметаат дека Никола Груевски заслужува реизбор.

Скоро тројно повеќе од граѓаните сметаат дека ВМРО-ДПМНЕ работи понапорно да ја добие поддршката од избирачите. 27% сметаат дека ВМРО-ДПМНЕ е поактивна и работи понапорно, наспроти само 10% кои сметаат дека тоа е СДСМ.

Анкетата на Интернационалниот Републикански Институт е теренска, и е направена во периодот од 29.09 до 05.10.2015та година на репрезентативен примерок од 1 106 испитаници.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top