| четврток, 6 декември 2018 |

Рејтинзите на Груевски, Обама и Меркел во своите држави се слични

merkel gruevski

Според истражувањето на DeutchlandTrend агенција со кризата на бегалците во Германија, канцеларката Ангела Меркел има 52 позитивен, а 48 негативен рејтинг. Ова истражување е објавено 17 ноември годинава. На прашањето дали повторно би ја подржале за канцелар, Меркел има 40 проценти поддршка.

Споредено со нас, од вкупно 87 проценти кои се изјасниле во анкетата на ИРИ, македонскиот премиер Никола Груевски за нов мандат го поддржуваат 40 проценти, а не го поддржуваат 60 отсто од тие што се изјасниле.

И на прашањето за позитивно – негативно мислење за премиерот, за Груевски поголем дел од граѓаните имаат  позитивно, наспроти помалиот број граѓани кои се изјасниле дека имаат негативно мислење. Ваквиот став на граѓаните е непромент години наназад.

Истражувацкиот центар Пју од САД во периодот 7-8 ноември годинава објави резултати од испитувањето на јавното мислење, според кои Обама го поддржуваат 41 процент од испитаниците, а не го поддржуваат 53 проценти од анкетираните. Ова е објавено на американскиот сајт Политико.

Рејтинзите на Груевски, Обама и Меркел во своите држави се слични. Прашање е колкави пак би биле рејтинзите на Обама и Меркел, па дури и на Путин, доколку нивните противници пет месеци непречено им објавуваат приватни телефонски разговори по свој избор и сечени по нивни потреби.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top