| четврток, 6 декември 2018 |

Аболицијата не го поколеба народот: Рејтингот на претседателот стабилен

Еден месец по одлуката за аболиција од страна на претседателот Иванов, шефот на државата и натаму ужива висок рејтинг кај македонските граѓани. Според последната анкета на институтот Павел Шатев54,3 проценти од анкетираните изјавиле дека имаат позитивно мислење, наспроти 30,4 проценти кои имаат негативно мислење за шефот на државата.

Еден месец по одлуката за аболиција од страна на претседателот Иванов, шефот на државата и натаму ужива висок рејтинг кај македонските граѓани. Според последната анкета на институтот Павел Шатев54,3 проценти од анкетираните изјавиле дека имаат позитивно мислење, наспроти 30,4 проценти кои имаат негативно мислење за шефот на државата.

gjorgje-ivanov

Споредбено со анкетата од април годинава, односно пред почетокот на протестите, претседателот Иванов сега бележи пораст на рејтингот од 2 процента.

Испитувањата на јавното мислење покажуваат поинакви резултати наспроти негативната перцепција за македонскиот претседател која во јавноста се обидуваат да ја креираат организаторите на т.н. Шарена Револуција. Довербата на граѓаните во претседателот Иванов е минимално променета и шефот на државата и натаму има стабилен рејтинг покажуваат сите досега спроведени анкети од различни институти.

sssssssssss

Ако се земе предвид анкетата на ИПИС од јуни 2013 година, кога 59 % од граѓаните се изјасниле дека имаат позитивно мислење за македонскиот претседател, и овие резултати се споредат со последната анкета на Павел Шатев, Претседателот бележи пад од 5% во однос на довербата кај граѓаните. Според анкетата на ИРИ пак, од октомври 2015, кога 43% проценти од граѓаните се изјасниле дека имаат позитивно мислење за претседателот Иванов, сега рејтингот на македонскиот претседател е повисок за 11 проценти.

Резултатите од спроведените анкети покажуваат дека „Шарената револуција“, која бара оставка од претседателот Иванов, нема реална и масовна поддршка кај македонските граѓани, туку во суштина истата наоѓа оправданост кај партиски приврзаници и мал дел активисти, кои без исклучок се јавуваат во својство на предводници на речиси сите протести во земјава.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top