| четврток, 6 декември 2018 |

По 100 дена власт Шилегов за 14.000 евра ќе си го мери рејтингот

По само 100 дена откако е на власт, градоначалникот Петре Шилегов одлучи да си го измери рејтингот. Град Скопје објави оглас за анкети за истражување на јавното мислење, објави „Независен“. Од Градот процениле дека за таа намена ќе потрошат околу 14.000 евра. Во огласот е наведено дека се бара субјект кој ќе изврши осум квантитативни истражувања на пазарот, преку кои ќе се обезбедат резултати за јавното мислење во однос на градските политики.
Се бара тие да бидат направени на репрезентативен примерок од најмалку 1000 испитаници на територија на Град Скопје. Истражувањата треба да се спроведат во рок од една година.

„Цел на истражувањето на пазарот е да го истражи мислењето на граѓаните на Град Скопје во однос на градските проблеми и политики, како и да овозможи квантитативно толкување низ одредена временска рамка“, стои во објавениот оглас.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top