| четврток, 6 декември 2018 |

Стоилов: На добар пат сме да стигнеме до фајналфор

Олим­пи­ја­да­та во Рио во 2016 го­ди­на тре­ба да би­де шла­гот на тор­та­та за ре­пре­зен­та­тив­на­та ка­ри­е­ра на оваа ге­не­ра­ци­ја. Таа го зас­лу­жу­ва тоа, има ква­ли­тет и си­те за­ед­но ќе се стре­ми­ме да ја ос­тва­ри­ме целта

Ма­ке­дон­ски­от ра­ко­ме­тен ре­пре­зен­та­ти­вец и кру­жен на­па­ѓач во Вар­дар, Стојанче Стоилов, нај­ве­ро­јат­но, нат­пре­ва­рот со сил­ниот клуб Бар­се­ло­на во рам­ки­те на Ли­га­та на шам­пи­о­ни, ќе го сле­ди од три­би­ни­те. Ма­ла е ве­ро­јат­но­ста тој да му се прик­лу­чи на сво­јот тим, по­ра­ди па­у­за­та што ја има по по­вре­да­та што ја за­ра­бо­ти пред еден ме­сец. Но, со не­го или без не­го, тој ве­ру­ва де­ка не­го­ви­те со­и­гра­чи, по­мог­на­ти од глас­на­та пуб­ли­ка во „Ја­не Сан­дан­ски“ ќе сла­ват по­бе­да про­тив ка­та­лон­ски­от ги­гант во кој на­ста­пу­ва нај­до­бри­от ма­ке­дон­ски ре­пре­зен­та­ти­вец, Ки­ре Ла­за­ров.

 

Имаш по­вре­да на ра­мо­то ко­ја те од­да­ле­чи од те­ре­ни­те по­ве­ќе од еден ме­сец. До ка­де е ре­ха­би­ли­та­ци­ја­та? Да­ли на­бр­зо ќе се вра­тиш на те­ре­ни­те?
Сто­и­лов: Во втор­ни­кот, по едномесечна пауза, бе­ше пр­ви­от мој тре­нинг со ти­мот. За­се­га сѐ оди ка­ко што тре­ба. Еден ме­сец ра­бо­тев да ги за­јак­нам му­ску­ли­те на рамото око­лу таа по­вре­да. На пр­ви­от тре­нинг сѐ по­ми­на во нај­до­бар ред, се на­де­вам де­ка та­ка ќе оста­не и не­ма да се слу­чи да тре­ба да се опе­ри­рам. Ве­ру­вам де­ка без по­го­ле­ми ма­ки ќе се вра­там на ста­ри па­те­ки. Од­лу­ка­та за ва­ков тип ре­ха­би­ли­та­ци­ја ја до­не­сов во кон­сул­та­ци­ја со клуп­ски­те ле­ка­ри и со спе­ци­ја­ли­сти­те, би­деј­ќи до­кол­ку се од­лу­чев за опе­ра­ци­ја ќе бе­ше по­треб­но по­долг пер­и­од за за­креп­ну­ва­ње, од­нос­но ми­ни­мум че­ти­ри ме­се­ци. Во та­ков слу­чај не­ма да имам ни­ка­ков проб­лем во ид­ни­на, но до­кол­ку се од­лу­чев на та­ков че­кор во овој пер­и­од, ко­га има мно­гу бит­ни нат­пре­ва­ри за Вар­дар и за ре­пре­зен­та­ци­ја­та, ќе про­пу­штев го­лем дел од след­ни­те нат­пре­ва­ри ка­ко со клу­бот, та­ка и со се­лек­ци­ја­та на Европ­ско­то пр­венс­тво во Пол­ска. Се­пак, од­лу­чив да про­бам да се вра­там на те­ре­ни­те во нај­кра­ток мо­жен пер­и­од. Во слу­чај да би­де по­треб­на опе­ра­ци­ја, тоа не бе­га и мо­же да го на­пра­вам на кра­јот од се­зо­на­та.

 

Има­те од­ли­чен по­че­ток во Ли­га­та на шам­пи­о­ни­те. Кол­ку Вар­дар е на­ви­сти­на си­лен оваа се­зо­на? Во Скоп­је пад­наа и го­ле­ми еки­пи ка­ко Рајн Не­кар и Кјел­це. Да­ли сте под­го­тве­ни да го од­бра­ни­те „Ја­не Сан­дан­ски“ и од европ­ски­от шам­пи­он Бар­се­ло­на?

Сто­и­лов: Ка­ко што ка­жав мно­гу­па­ти до­се­га, мис­лам де­ка мо­же­ме да се но­си­ме со се­ко­ја европ­ска еки­па од са­ми­от врв. Се­ко­ја еки­па што до­а­ѓа во Скоп­је до­а­ѓа со страв и со по­чит кон Вар­дар. „Ја­не Сан­дан­ски“ е ба­сти­он кој те­шко мо­же не­кој да го освои. Ние, ка­ко еки­па, од го­ди­на в го­ди­на рас­те­ме и со­зре­ва­ме. Прет­ход­ни­те две го­ди­ни за влак­но ни из­бе­га тој фај­налфор. Не би са­кал се­га да ко­мен­ти­рам или да да­вам прог­но­зи де­ка оваа се­зо­на си­гур­но ќе се пла­си­ра­ме, но, спо­ред тоа ка­ко поч­нав­ме и ка­ко оди­грав­ме во овие се­дум ко­ла до­се­га, ре­ал­но е да се нај­де­ме на за­врш­ни­от тур­нир во Келн. Да про­дол­жи­ме со до­бри­те игри ка­ко до­се­га, на до­бар пат сме и се на­де­вам де­ка ќе го ос­тва­ри­ме тоа што си­те го по­са­ку­ва­ме.

stoilov-1

Кои се до­стре­ли­те на Вар­дар? Жел­би­те се плас­ман на фај­нал­фор, мо­же­би и еден или два че­ко­ра по­ве­ќе. Што тре­ба да се слу­чи за да се ос­тва­ри тоа?

Сто­и­лов: Мо­ра­ме да ги ану­ли­ра­ме гре­шки­те, ка­ко и оние бранови го­ре-до­лу во фор­ма­та што ги има­ме од нат­пре­вар во нат­пре­вар, па ду­ри и на еден меч. Оди­грав­ме фан­та­стич­но во пр­ви­те пет нат­пре­ва­ри, се слу­чи по­ра­зот од Кол­динг на го­стин­ски те­рен. Кол­динг во­оп­што не е сла­ба еки­па, во јав­но­ста се диг­на фа­ма де­ка дан­ски­от тим бе­ше пос­ле­ден во гру­па­та пред ме­чот со Вар­дар и де­ка си­гур­но ќе по­бе­ди­ме, де­ка не­ма шан­си да сла­ват по­бе­да со нас. Но, си­те игра­ат ра­ко­мет во Евро­па. Кол­динг е со искус­ни игра­чи во со­ста­вот и, се­ка­ко, го имаа до­маш­ни­от терен ка­ко пред­ност. Се­кој нат­пре­вар е при­каз­на за се­бе и не се знае ка­ко ќе се отво­ри нат­пре­ва­рот. Мно­гу фа­кто­ри за­ви­сат за да се ос­тва­ри ус­пех. И за пос­лед­ни­от по­раз од Бар­се­ло­на на го­сти – пред да поч­не се­зо­на­та некој да ти ка­же де­ка ќе из­гу­биш со еден раз­ли­ка од Бар­са – ќе по­да­деш ра­ка и ќе си ре­чеш, го­то­во. Се­пак, ка­ко се од­ви­ва­ше нат­пре­ва­рот, мо­же­ше да се слу­чи да из­гу­би­ме и со да­ле­ку по­го­ле­ма раз­ли­ка, но мо­же­ше и мно­гу лес­но да се слу­чи да на­пра­ви­ме сен­за­ци­ја про­тив европ­ски­от шам­пи­он и да сла­ви­ме по­бе­да. Та­ков е ра­ко­ме­тот, не­пред­вид­лив. Се од­ви­ва во две-три на­со­ки, до пос­ле­ден мо­мент не се знае ка­ко мо­же да за­вр­ши ме­чот. При­ме­ри за та­кво не­што има мно­гу. Тре­ба да се пос­ми­ре­ни во да­де­ни си­ту­а­ции и за­ед­но со пуб­ли­ка­та, мис­лам де­ка не­ма да има­ме проб­лем про­тив Бар­се­ло­на во Скоп­је.

 

Се збо­ру­ва де­ка мо­же­би еки­па­та ќе има го­ле­ми ка­дров­ски из­ме­ни за след­на­та се­зо­на, нај­а­ве­но е за­ми­ну­ва­ње на То­скиќ. Да­ли тоа зна­чи де­ка Сто­и­лов ќе до­бие по­го­ле­ма ми­ну­та­жа и ќе би­де но­си­тел на игра­та во на­па­дот или по­втор­но клу­бот ќе се за­си­ли со не­кое стран­ско име по­крај Мар­се­ниќ?

Сто­и­лов: Тоа не бил зна­ел да го ка­жам. Се­пак, тоа е по­ли­ти­ка на упра­ва­та на клу­бот. Сѐ уште не­ма ни­ка­ква нај­а­ва. Ка­ко што би­ло до­се­га, се­ко­гаш сме би­ле трој­ца пи­ке­ри во ти­мот, а што се од­не­су­ва до Алем То­скиќ, го­ле­ма ште­та е што си оди на кра­јот од се­зо­на­та. Од­ли­чен играч е, го­лем бо­рец на те­ре­нот и ште­та што Вар­дар ќе го не­ма до­го­ди­на, без раз­ли­ка што е мо­ја кон­ку­рен­ци­ја и што игра на иста­та по­зи­ци­ја.

stoilov-3

Европ­ско­то пр­венс­тво во Пол­ска за­поч­ну­ва за два ме­се­ца. Да­ли ќе би­деш под­го­твен за ре­пре­зен­та­ти­вен на­стап со ог­лед на по­вре­да­та?

Сто­и­лов: Ка­ко што ка­жав, по­вре­да­та е не­пред­вид­ли­ва. Мо­же да се по­вто­ри уште утре и то­гаш ве­ќе ќе мо­рам да за­ми­нам под нож. Се на­де­вам де­ка не­ма да дој­де до тоа. Јас сум оп­ти­мист за сѐ и за­тоа од­брав да се вра­там на те­ре­ни­те на ва­ков на­чин. ЕП во Пол­ска е го­ле­ма шан­са за на­ша­та ге­не­ра­ци­ја, ова ве­ќе го збо­ру­ва­ме со го­ди­ни и се­ко­ја го­ди­на сме по­во­зрас­ни и по­се­ри­оз­ни. На­ви­сти­на мис­лам де­ка след­но­то пр­венс­тво е пос­лед­на­та шан­са за оваа ге­не­ра­ци­ја, со тоа што мо­же­ме да се пла­си­ра­ме на ме­сто кое во­ди на ква­ли­фи­ка­ци­ски тур­нир за Олим­пи­ја­да­та во Рио во 2016 го­ди­на, а по­тоа и на са­ма­та Олим­пи­ја­да. Тоа тре­ба да би­де шла­гот на тор­та­та за ре­пре­зен­та­тив­на­та ка­ри­е­ра на оваа ге­не­ра­ци­ја. Дај бо­же да из­ле­зе сѐ ка­ко што тре­ба, се­ка­ко, тре­ба да ни се пок­ло­пат и коц­ки­те. Оваа ге­не­ра­ци­ја го зас­лу­жу­ва тоа, има ква­ли­тет и, се­ка­ко, си­те за­ед­но ќе се стре­ми­ме да го ос­тва­ри­ме тоа.

 

Гру­па­та е из­во­ред­но те­шка со до­ма­ќи­нот Пол­ска, ап­со­лут­ни­от шам­пи­он Фран­ци­ја и Ср­би­ја. За плас­ман во след­на­та рун­да е по­треб­но ми­ни­мум ед­на по­бе­да. Цел­та е по­бе­да над Ср­би­ја или мо­же Ма­ке­до­ни­ја да се но­си со ква­ли­те­тот и со дру­ги­те две ре­пре­зен­та­ции?

Сто­и­лов: Нор­мал­но е де­ка ако ни се ука­же шан­са ,ќе се оби­де­ме да по­бе­ди­ме на се­кој нат­пре­вар во гру­па­та. Има­ме игра­но со си­те три ре­пре­зен­та­ции во ми­на­то­то. Со си­те мо­же­ме да се но­си­ме, Пол­ска ја има­ме по­бе­де­но два­па­ти до­се­га во пос­лед­ни­те 5-6 го­ди­ни. Про­тив Ср­би­ја, исто та­ка, има­ме за­бе­ле­жа­но по­бе­ди. Кај нив има и отка­жу­ва­ња од ре­пре­зен­та­тив­ни­от дрес на не­кои клуч­ни игра­чи и се пад­на­ти во фор­ма­та. Гру­па­та е те­шка, но мис­лам де­ка мо­же да се игра со си­те ре­пре­зен­та­ции и да се на­де­ва­ме на по­бе­ди, па ду­ри и со акту­ел­ни­от шам­пи­он Фран­ци­ја. Со Фран­ци­ја во Скоп­је оди­грав­ме со­ли­ден нат­пре­вар и ви­дов­ме де­ка мо­же­ме да се но­си­ме и бев­ме по­ра­зе­ни са­мо со еден гол раз­ли­ка. На нив­ни те­рен ко­га Ни­ко­ла Ка­ра­ба­тиќ не бе­ше во игра, бев­ме из­нед­на­че­ни це­ло вре­ме. Ка­ра­ба­тиќ е игра­чот што ја пра­ви раз­ли­ка­та. Со мал­ку сре­ќа, вто­ри­от круг кој е при­о­ри­тет, е до­сти­жен.

 

Разговараше: Бо­јан Мо­ми­ров­ски
Фото: Ѓор­ги Ли­чов­ски
(Интервјуто со ракометарот Стојанче Стоилов е објавено во 168. број на неделникот Република, 20.11.2015)

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top