Ерки Баховски, висок претставник на Европската комисија во Естонија, во интервју за националната телевизија „Теревизион“, смета дека приклучувањето на Хрватска на Унијата, ова лето, е многу важно, исто како што и желбата за идно членство на Македонија и на Црна Гора.
– Влезот на Хрватска во ЕУ во средината на оваа година е од голема важност. А, и покрај должничката криза и политичките тензии, Унијата е во состојба да прими нови членки и е постојано привлечна на кандидатите за членство како Македонија и Црна Гора… па дури и Србија – истакна високиoт преставник на Комисијата во Талин.
Во интервјуто, Баховски нагласи дека главен предизвик на Брисел во моментов е економската и финансиска криза, а многу работи ќе зависат и од годинашните избори во Германија и во Италија. Според него, претседателствувањето на Литванија со ЕУ во втората полови на оваа година, што ќе биде првпат една балтичка земја да ја преземе лидерската палка на Советот на Унијата, ќе го привлече вниманието на земјите од источниот блок, но и на целиот свет.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.