Најдобарата македонска фудбалерка со својот тим, шведскиот шампион Розенгард се пласираше во четвртфиналето на Лигата на шампионите откако во двомечот со италијанската екипа Верона славеше со вкупен резултат од 8-2.
Првиот натпревар на теренот на Италијанките заврши со победа на Розенгард од 3-1 и се чини дека патникот во следната рунда веќе беше решен.
Во реваншот во Шведска, Андонова и другарките до декласираа противникот со 5-1 и заслужено славеа пласман меѓу осумте најдобри екипи во Европа.
Андонова беше асистент на првиот гол за својата екипа, а играше до 66.минута, кога беше повлечена од игра, отстапувајќи го местото за Асанте.
Бразилката Марта постигна хет – трик за Розенгард, стрелец на погодок беше и Белангер, а Фусели си постигна автогол. Единствениот погодок за Верона беше дело на Габијадини.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


