Вториот македонски преставник во Лигата на шампионите, екипата на Металург го доживеа најголемиот пораз оваа сезона во рамките од осмото коло на гостувањето кај Кадетен Шафхаузен.
Екипата на Лино Червар со тоа ги загуби сите шанси за пласман во следната рунда бидејќи во серија врза пет порази.
Сепак почетокот на натпреварот не го покажуваше тоа. По стаартната предност на домаќинот од 3-1, металурзите заиграа поконцетрирано во одбраната, а нападот доби нови елементи со реализација од брзи контри. Тоа резултираше со серија од 7-1 и водство од 8-4 по 20 минути игра. Сепак до полувремето Кадетен успеа да се соземе од почетниот шок и до полувремето да стигне до измранување 10-10.
Во вториот дел комплетно нова слика на теренот. Македонскиот тим одигра најслабо полувреме во Лигата на шампионите оваа сезона. Се држеше се до 14-14, но тогаш како комплетно да се распадна играта. Серијата од 5-0 на Кадетен и цврстата одбрана не дозволи Металург да постигне гол цели 13 минути со што си ја запечати судбината за голем пораз од 27-17.
Јанко Божовиќ, кој имаше лош натпревар заврши како прв стрелец со четири гола, а Давид Шпилер постигна три. Даниел Дупјачанец повторно беше на високо ниво, со 11 интервенции. Следниот меч Металург го игра против Скјерн, на домашен терен, на 28 ноември. – See more at: http://sportmedia.mk/rakomet/liga-na-shampioni/metalurg-potona-vo-shafhauzen-katastrofalni-10-razlika#sthash.aWbCR9g4.dpuf
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


