Кога француската полиција упаднала во засолништето на терористите, Хасна повикала Помош, Помош, а потоа го активирала својот самоубиствен елек.
Нејзината глава и ‘рбет целосно излетале низ прозорецот на станот, додека огнената пресметка во париското предградие во Сен Дени била во полн ек.
Очевидците тврдат дека виделе како девојка со долга руса коса се разнела, како и тоа дека некое време пред тоа ја виделе како опуштено купува храна во блискиот KFC ресторан.
Пријателите на настраданата Мароканка Аитбулахен (26) откриле дека таа му била роднина на терористот Абделхамид Абауд, како и тоа дека била отворена девојка, го сакала алкохолот, и имала прекар “Каубојка”, бидејќи сакала да носи каубојски шешири.
Нејзините родители се разделени, а таа живеела заедно со својата мајка во предградието Клиши-ла-Гаренн, на северозападот на Париз, недалеку од местото на вчерашната рација. Нејзиниот татко главно го гледала за време на празниците. Нејзините родители се доселиле во Париз во 1973-та година, а неа ја добиле во 1989-та година.
Таа студирала на Универзитетот “Пол Верлен”, а соседите велат дека била отворена, впечатлива и помалку незрела.
Воопшто не изгледаше како бомбаш-самоубиец и уживаше да пие алкохол, изјавил еден од соседите.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Фатил жена во кражба: Кога ги видел нејзините деца наместо да ја уапси направил нешто неверојатно(видео)
-
Маж уапсен бидејќи појадувал со жена (ФОТО)
-
Охриѓанец е осомничен за вчерашното убиство во Велгошти
-
Монструозно насилство утринава во Тетово: Маж ја прободел својата вонбрачна жена во градите, вратот, грбот и дланките



