| четврток, 6 декември 2018 |

Исламистички портал го слави убиството на војниците во БиХ и повикува на насилство

ислам
Интернет порталот Vijesti ummeta, кој ги промовира радикалните исламистички групи и поттикнува на тероризам, го слави убиството на двајцата припадници на вооружените сили на Босна и Херцеговина и повикува на слични насилни акции.

На овој и од претходно озлогласен портал во текот на четвртокот е објавен текст под насловот „Почна – убиени двајца војници на БиХ, а неколку ранети, фала му на Алах“.
-Ве предупредувавме дека низ Европа ќе тече крв, а особено во Босна и дека она што доаѓа е полоши и погорчливо. И ете го, се случи, убиени се двајца валкани војници кои се бореа за национализам… и бранеа држава и влада коа не им донесоа никакво добро. Убиени се двајца војници од кои еден е Србин, вистински неверник, а другиот Бошњак, муртед (отпадник од верата – з,р,)- се наведува во текстот.
Во изобилството од говор на омраза, се наведува и дека ова претставува само почеток на крвопролевањето „по валканите улици“ во БиХ и во цела Европа.
Се повикуваат муслиманите во БиХ да им се придружат на терористичките акции и да продолжат со убивање на „неверниците“, каде и да ги сретнат.

Порталот Vijesti ummeta, според информациите на Министерството за безбедност на БиХ се појавува на интернет од еден сервис кој е регистриран во американската сојузна држава Џорџија.
Според некои сараевски медиуми, финансиер на овој портал е некојси Неџан Кучевиќ Балкан, приврзаник на вехабитското движење, кое има бројни и верни следбеници во БиХ кој живее во Виена.
Некои информации, пак, говорат дека доменот е регистриран во Саудиска Арабија и е на име на Абдулах Абдурахман, за кого никој не знае ништо. Според неофицијални информации, екипата која работи за босанскиот портал има седиште некаде во Санџак во Србија.
И покрај најавите дека тој ќе биде згаснат, тоа сé уште не се случи.
Во август годинава Државната агенција за истраги и заштита (SIPA) соопшти дека презела мерки во своја надлежност во однос на порталот. Досега не е откриено кој стои зад босанскиот портал кој ја пропагира радикалната екстремна групација Исламска држава кој со години шири омраза и повикува на тероризам.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top