Исламска држава се обидува да разработи хемиско оружје со помош на научници од Ирак, Сирија и од други земји од регионот, тврдат претставници на разузнавачките агенции на Ирак и на САД.
Американските разузнавачи истакнаа дека ИД не може да произведе сложено оружје како нервопаралитички гас, кој е најпогоден за терористички напади. Тие додадоа дека ИД до сега употребила иперит во Ирак и во Сирија.
По нападите во Париз, за кои одговорност презеде ИД, францускиот премиер Мануаел Валс денеска предупреди дека џихадистичката група може да изведе напади со хемиско или биолошко оружје.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.



