| четврток, 6 декември 2018 |

Писмо на сопругот на жртва од парискиот напад го расплака светот(видео)

антон
Французинот Антон Леири, чија сопруга Елен Мујал Леири (35) страдаше во терористичките напади, го расплака светот со емотивно писмо кое го упати на нејзините убијци. На интернет осамна снимка во која тој има полни очи солзи, а се гледа и фотографија од неговата покојна жена со синот.
Во писмото под наслов Нема да ве мразам, Антон Леири порача на терористите дека нема да се исплаши, ниту пак да ја жртвува слободата заради безбедноста.
-Нема да ви го пружам тоа задоволство да ве мразам. Вие то го сакате, но одговорот на омразата со бес би било препуштање на истата глупост која ве направила такви какви што сте- навел Французинот во писмото.

Корисниците на интернет на Антон му прижија поддршка. Еден од нив напиша-Ова е цивилизација.Кога зборовите се толку убави како овие, ниеден свештеник, ниеден иман, ниеден рабин не може да пријде ни близу.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top