-Темата федерализација не се случува на маргините на политичката криза. По мое длабоко уверување не би се сложил дека е на маргините. Целиот тој македонско-албански однос е форсиран од страна на СДСМ и нејзините главни репрезенти уште од самиот почеток на политичката криза. Пролетва Фрчковски излезе на албанска телевизија и ни говореше дека е нормално да сме имале ротирачки премиер, со тоа што под ротирачки премиер се подразбира на една, две години да биде Албанец – вели Александар Пандов, политички аналитичар.
Тој додава дека уште во 1990/1991 година македонските граѓани се согласиле дека ќе живеат во демократија, плурализам, што подразбира дека на 4 години се излегува на гласање и се дава мандатот на одреден број политичари кои ќе го претставуваат народот во Парламентот, и ќе состават Влада. Тоа, вели тој, е пропишано со Устав и со закон.
-Да не бидам погрешно разбран. Јас немам ништо против Албанец премиер, но во дадената ситуација, кога некој говори дека Албанец треба да биде премиер по дифолт се подразбира од албанска политичка партија, иако таа не е владејачка, односно го нема најголемиот број на мандати. Гледаме дека се повеќе се афирмира таа политика да се зачленуваат Македонци со муслиманска верописповед и да добиваат раководни функции, во македонските политички партии има Албанци членови. Ако се случи тие победуваат и тие одлучуваат, како најдоминантна партија според мандати, да биде Албанец премиер, нема проблем. Но по пат на сила, зашто ние сме некоја „банана“ држава, држава протекторат, па ајде сте да биле задоволни, на друг му било мерак…тоа е само во главите на некои експоненти на СДСМ. Тоа не е ни во главите на албанските политички партии ни на албанските гласачи. И, длабоко сум уверен дека тоа е поттикнато само да се прави раздор, поделба меѓу Македонците и Албанците. Не е со добра намера. Нити Фрчковски со идејата за ротирачки премиер, нити идејата за двојазичност на цела територија на Република Македонија. А најсигурен сум дека Геровски нема добри намери со отвореното пишување за федерализација – додава Пандов.
Тој запраша што подразбираме ние под федерализација, на што одговори:
-Тоа подразбира дека во Република Македонија треба некој да седне и да црта граници, да се делиме. Во период кога сите се интегрираат, кога зборуваме за отворени граници, на некоја будала му текнало дека треба да ја дели Македонија. И што е пожално во целата таа ситуација, во вакви политички околности во која се наоѓа Балканот, Европа, ставање на граница под автоматизам значи повикување на воен судир. Со самото тоа ги иритираш сите луѓе.
За изјавите на лидерот на СДСМ, Зоран Заев за косовска телевизија каде наговестува дека ако дојде на власт ќе се воведе албанскиот јазик како официјален јазик, вели дека СДСМ со таквите потези игра на две карти. За Пандов ова е нивен обид да се допаднат на албанските политички партии и со самото тоа тие да се надеваат дека можат да направат малцинска влада.
–На 24 април, со сигурност тврдам дека СДСМ ќе бидат втора партија по бројот на добиени гласови, мада како тргнале прашање е дали ќе бидат и втора партија. Но еве, да претпоставиме дека ВМРО-ДПМНЕ ќе биде прва партија по број на гласови, СДСМ ќе биде втора, па сакаат да направат коалиција со ДУИ и ДПА, да се допаднат кај албанскиот електорат со нивниот однос, најважно кај албанските политички партии и да направат малцинска влада – коментира нашиот соговорник.

Пандов вели дека сега човек треба да се чуди, кој е поголем Албанец, Тачи и Ахмети, или Заев, Фрчкоски и Героски.
-Излегува дека Фрчкоски, Заев и Героски се поголеми Албанци од албанските политички репрезенти. Ненормална ситуација е тоа, но мора да ги разбереме. Тие се крајно очајни, многу се исфустрирани, сите политики кои ги водат се погрешни, прочитани се од македонските граѓани, рејтингот не може понизок да им биде, со сигурност повторно ги губат изборите на 24 април и сега како давеници за сламка се обидуваат на подмолни начини да се спасат. Сакаат да направат немир во општеството, да направат нервоза кај граѓаните и да се допаднат кај албанските гласачи – вели Александар Пандов.
Како политичар кој бил и во опозиција, со оглед дека во политиката е веќе дваесетина години, на прашањето колку однесувањето на СДСМ е нормално опозициско однесување и делување, Пандов вели:
-Проблемот на СДСМ, особено на тројцата кои веќе ги споменавме, е што таа партија е дефинитивно однародена. Немаат веќе контакт со народот, немаат сенс за потребите на граѓаните. Имаат само некоја лична агенда. Опозицијата по правило е коректив на власта, односно она што ќе го предложи власта, опозицијата е таа што треба да го корегира. Ќе даде некои подобри предлози и на тој начин ќе дојде на власт. Значи, ако ВМРО-ДПМНЕ сега вели дека и во наредните години треба да се продолжи со градење на автопати, магистрални патишта, на селски патишта, да се инвестира во болници, опозицијата треба да даде свој предлог како ги гледаат буџетите во наредните години. Но ние од нив немаме слушнато ништо такво. Сме слушнале само суви политики кои прават раздор во општеството и поделба меѓу Албанци и Македонци, Македонци и Македонци. Таа патија не е партија во која луѓето излегуваат од народот, сега е партија со која владеат Сорос и странски амбасади. Тие се луѓето кои го финансираат ова раководство и тие се тие кои ги спроведуваат политиките во кој правец ќе се движат. Не можеме да очекуваме дека СОРОС или било која амбасада ќе и мисли добро на Македонија. Секоја амбасада си мисли која политика која ќе се води во Македонија би и одговарала на нејзината земја. Нивните перјаници, медиумски и во самата партија, се платени луѓе, и тоа отворено. Најгласните портали се финансирани од Сорос или некоја амбасада.
Пандов е уверен дека сите точки од Охрискиот договор се исполнети. Ниту пак слушнал дека сега имаат дополнителни точки албанските репрезенти. Тоа што го имаме, вели тој, е од СДСМ и нејзините претставници.
Аналитичарот смета дека повикување на федерализација на Македонија е повикување на војна.
-Тој што го говори тоа, треба да биде подготвен подоцна да учествува во воени акции, и секако, и неговите деца да учествуваат. Да немаме дилема. Тоа по мирен пат не може да се случи. И бомбите што ги слушавме и циркусите што ни се случија, крајната идеја е со дестабилизација на државата, со ослабување на ВМРО-ДПМНЕ да се направи можност по 24 април да влезе во Влада и СДСМ и на мала врата да се обидат да протнат промена на уставното име на Македонија. А промена на името на Република Македонија значи и губење на идентитетот на Македонецот. Во таква ситуација се самобришеме, подоцна не постоиме. За територијата, во таква ситуација, веднаш ќе се појават апетитите на соседните држави. Тогаш ќе се појават реалните желби на Албанците за федерализација за да си го зачуваат делот во кој живеат тие како ентитет. А и останатите три православни соседни држави ќе појават територијални апетити. И тогаш ние ќе бидеме она што денеска се Сиријците. Ќе бидеме луѓе без идентитет – посочува Пандов.
Тој смета дека е самозалажување ако сметаме дека некој во Брисел се грижи за нас повеќе од ние самите што се грижиме. Под Брисел сега ја гледаме командата на НАТО за Европа. Тие сакаат да ја внесат Македонија во НАТО, но постои пробле, вето на Грција поради нашето уставно име. Многу поважно на НАТО, Европа и САД им е Грција, од што Македонија. Странците, вели Пандов, бараат луѓе без кичма, без образ, „ѓон“ политичари кои лицитираат со името на Македонија. За разлика од нас, во Грција постои единствена политика по тоа прашање – не сакаат да разговараат за зборот Македонија да стои во нашето име. Но кај нас новинари, политичари од СДСМ, се подаваат, прифатливо им е промена на име. И нормално, во таква ситуација Брисел гледа спас во тие луѓе за да ја внесе Македонија во НАТО.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)


