| четврток, 6 декември 2018 |

Сугаревски потврди, Шилегов негира; Што СДСМ крие од јавноста?

silegov vs sugarevskiПо анализата „Кој го кара Заев на српски“, објавен во неделникот Република (број 167), сопартијците со контрадикторни одговори околу наводите за тоа дали и со која Пи- Ар агенција од Србија соработува СДСМ.

Вчера координаторот на пратеничката група во Парламентот, Горан Сугаревски за Република потврди дека СДСМ соработува со Пи- Ар агенција од Србија, за која не беше сигурен за името, но од која раководството било многу задоволно. Сугаревски не го читал текстот во неделникот „Република“.

Денеска партискиот портпарол и пратеник, Петре Шилегов, пак негира договор за соработка со Пи Ар агенција од Србија. Договорот, вели, ќе го објават „кога ќе има официјален склучен договор“. За сега, додава „… во СДСМ доаѓаат и гости и потенцијални надворешни соработници“.

СДСМ како политичка партија е подложна на отчетност пред граѓаните во врска со партиското финансиското работење. Нивната соработка и плаќање кон било која Пи- Ар агенција од дома или од странство мора да е поткрепена со договор за соработка и доказ за финансиска трансакција.

Доколку, пак, СДСМ работи со агенција од странство дали тоа значи дека не е задоволна од работата на агенцијата на Роберт Поповски, кој ги организираше настапите на Зоран Заев кога тој ја презеде партијата?

По сите овие наводи, СДСМ официјално молчи и не одговара на прашањата упатени од Република, додека од видни партиски членови излегуваат разногласија за тоа има или не договор за соработка со Пи- Ар агенција од Србија.

Оттука се поставува прашањето: што тоа СДСМ крие од јавноста?

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top