| четврток, 6 декември 2018 |

Семејството на терористите од Париз го изненади светот (ВИДЕО)

Во белгискиот кварт Моленбек илјадници луѓе присуствуваа на бдеењето во чест на жртвите од Париз, веднаш под станот кадешто живее семејството на браќата терористи Ибрахим и Салах Абделсалам.

candleteer

Како што јавува репортерот на Би-Би-Си, Рон Браун, свеќите на балконот на станот во кој живеат родителите на двајцата терористи ги запалил третиот брат Мохамед Абделсалам.

Бдеењето „за сите жртви на тероризмот и политичкото насилство во светот“ во квартот Моленбек, кој беше прогласен за европска џихадистичка престолнина во деновите по нападот во Париз, е организирано во обид да се тргне негативниот имиџ на бриселскиот кварт.

Погледнете го видеото:

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top