Соживот ДА, федерализација НЕ – ова е ставот на граѓаните по најавите за федерализација на Македонија.
СДСМ, нејзиниот лидер Зоран Заев и најекспонираните опозициски експоненти изминатив период подготвуваа терен за отворање на темата за федерализација на државата. Ваквото антидржавно однесување донесе одржување на конференција на која ќе се побара втор рамковен договор и федерализација на Македонија.
По објавувањето на информациите дека декемвриската конференција ќе донесе барање за федерализација преку нов рамковен договор, официјализирање на албанскиот јазик на цела територија, како и поништување на квотата за 20 проценти преку издигнување на албанската заедница над сите други, станува јасно зошто и со каква цел беа изјавите на заев за нов рамковен договор и негово рекомпонирање,на Фрчкоски за Албанец премиер и на Героски за федерализација.
Но граѓаните не се согласуваат со идејата за официјализирање на албанскиот јазик на цела територија, како и со идејата за ротирачки премиер – две години премиер Албанец.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)