Синоќа околу 22,25 часот во маркетот „Пано-Комер“, кој се наоѓа на ул.„Ваљевска“ во Прилеп, две непознати маскирани лица, со закана со пиштоли , извршиле разбојништво во обид над вработените.
Едно од лицата, соопшти денеска МВР, било совладано од вработените и присутните граѓани и приведено во Полициската станица во Прилеп за понатамошна постапка. Се работи за лицето С.С.(27) од Прилеп.
По кратко време од страна на полициски службеници приведено е и второто лице Д.Д.(26) од Прилеп. Извршен е разговор со двајцата и по целосно расчистување на случајот ќе следи соодветен поднесок.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.