| четврток, 6 декември 2018 |

Полициски функционери изнесуваат службени тајни по налог на Спасовски

oliver-spasovski-glavaОливер Спасовски, според договорот од Пржино и одлуката на Собранието, е министер по предлог на СДСМ кој има технички карактер, да го води министерството како гаранција дека истото нема да се злоупотребува за изборни цели. Но, веднаш штом Оливер Спасовски, генерален секретар на СДСМ, стапи на должност – МВР стана партиска институција со цела низ злоупотреби и нарушување на работењето на ова важно министерство, а Спасовски не е на таа функција ни месец дена! Што ли следи допрва?!

zgrada-na-mvr1-620x400Имено, функционери на полицијата – од директори на јавна безбедност или Управата за државна безбедност, секторот за финансии, оперативните командири… по наредба на министерот Оливер Спасовски даваат извештаи и информации од работењето на МВР пред надворешни партиски лица од СДСМ, иако тоа не само што не е нивна обврска туку е и законски казниво.

Пензионирани полициски функционери, сега во функција на активсти на СДСМ, сослушуваат, бараат информации кои се финансиски и службени тајни без никаков законски основ за тоа бидејќи никој од нив нема никаква функција и овластувања во министерството. Распитот се врши по праксата на Црвените кмери и сличните парадржавни и параполициски активисти во Камбоџа, Виетнам и Северна Кореја, каде партиски активисти без функции и одговорност вршат власт по сопствена проценка и потреба.

strogo-doverlivo-1111111Распит на функционери во МВР и барање да им се даваат документи од полицијата, да им се кажуваат оперативни и финансиски податоци, што е законски казниво, вршат Владимир Пивоваров, без никаква функција во МВР туку професор на МИТ Универзитет од Куманово. Распит и прибирање службени податоци од полицајци и функционери, без никакво овластување освен партиско, вршат и Раде Јанковски, пензионер кој некогаш бил началник за организиран криминал, и се смета за еден од главните организатори на партиските демонстрации пред Влада и Собрание пролетва во кои, меѓу останатото, беа тепани полицајци.

Распит на полициски функционери, документација со службен и финансиски карактер во полицијата вршат по налог на СДСМ и пензионерите Добри Апостоловски, пензионерот Кире Митиќ кој порано бил началник на крим-полиција…

oliver i zaev kumanovoПензионерите со партиска задача во МВР бараат податоци за полициската акција во мај годинава во Диво Насеље во Куманово. Бараат податоци за јавни набавки и попис на фирми на кои МВР им должи плаќање по фактури. Бараат информации за системот за следење и обезбедување службени лица, функционери и државни објекти…

Самото нивно барање и располагање со полициски податоци од овој вид е кривично дело. Несомнено дека има и други храбри како Тодор Петров и неговата иницијатива пред Уставен суд за специјалниот обвинител, па некој за ова однесување на министерот Оливер Спасовски ќе поднесе пријава и ќе се отвори кривична и судска постапка. Како за него, така и за пензионерите кои ги активирал да роворат по полицијата, постројуваат, понижуваат и наведуваат на криминал функционери и службеници во МВР.

Вработените во државната администрација ја примија пораката каква власт и однос ги очекува ако СДСМ дојде до власт во Македонија. А порака примија и сите други.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top