| четврток, 6 декември 2018 |

Насри ја обнови повредата, ќе паузира до февруари

Arsenal v Manchester City

Францускиот интернационалец во редовите на Манчестер Сити, Самир Насри се очекуваше да се врати на терените на почетокот на декември по повредата на бутниот мускул кој го заработи на првенствениот натпревар против Бурнемут на 17.октомври во трумфот на „граѓаните“ од 5-1.
Сепак откако почна да тренира по рехабилитацијата, тој се повредил повторно и според лекарскиот тим на Сити, Насри ќе мора да отсуствува дополнителни три месеци, односно неговото враќање на терните ќе биде одложено до февруари.
Насри сам ја соопшти непријатната вест на Инстаграм, објавувајќи фотографија каде чекори со помош на патерици.

samir nasri

– Тоа што нема да те убие, те прави посилен. Ќе се вратам посилен од претходно по три месеци – напиша Насри.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top