Воз излета од шините кај Демир Капија утрово во околу 8 часот и 20 минути. Според првичните информации, нема повредени, а причинета е мала материјална штета.
Од „Македонски Железници“ ја потврдуваат информацијата. Посочуваат дека се работи за товарен воз.
Возот вртејќи кај свртницата излетал од шините и во моментов екипи од МЖ и од други институции вршат увид за да ги утврдат причините за незгодата. Во прекин е железничкиот сообраќај.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.