Македонската компанија за анимација и визуелни ефекти ФХ3Х учествуваше во изработката на визуелните ефекти на финалниот дел на „Игри на гладните, Мокингџеј 2“, во соработка со МПЦ Техниколор.
Станува збор за последниот дел од популарната франшиза, кој премиерно ќе биде прикажан во Скопје на 19 ноември. Кристијан Даниловски, косопственик на ФХ3Х изјави дека на овој проект работеа 46 артисти, кои во период од пет месеци изработија 166 кадри.
– Франшизата на блокбастерот „Игри на гладните“ ја освои филмската публика низ целиот свет, заработувајќи 2,3 милијарди американски долари на киноблагајните. „Игри на гладните: Мокинџеј – Дел 2“ ја завршува франшизата со моќен крај, што ќе го погледнеме во четврток – изјави Даниловски.
Филмот е возбудлива и емотивна завршница на глобалниот филмски феномен, во кој Кетнис Евердин од преживеан учесник на најсмортоносните игри кои се кога било смислени, влегува во битка да ја зацрта иднината на својот народ, овојпат соочена со сознанинето дека целта повеќе не е да се преживее туку да се создаде иднина.
Според сценариото, додека сиот Панем е зафатен од војна, Кетнис се соочува со претседателот Сноу (Доналд Сатерленд) во финална пресметка. Со своите најблиски пријатели Гејл (Лијам Хемсворт), Финик (Сем Клафин) и Пиита (Џош Хачерсон) – Кетнис организира обид за убиство на претседателот Сноу со тимот од 13. дистрикт ризикувајќи да ги загубат своите животи за да ги ослободат жителите на Панем. Опсесијата на претседателот Сноу да ја уништи, смртоносните стапици, нејзините непријатели и моралните избори со кои е сооочена се поголем предизвик и од која било арена во која се борела.
Филмот премиерно ќе биде прикажан вечерва, 19 ноември, од 20 часот во киното „Синеплекс“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.