| четврток, 6 декември 2018 |

Пирс Броснан: „СПЕКТРЕ“ е лош филм за Бонд

Pirs-Brosnan
Актерот Пирс Броснан не крие дека воопшто не е одушевен од новиот филм за шпионот Џејмс Бонд.

Откако излезе „СПЕКТРЕ“, слушнавме многу мислења за квалитетот на најновиот филм за шпионот Џејмс Бонд. Последното продолжение на познатата франшиза од крајот на октомври ги полни кино салите во светот, но неговото мислење навистина го очекувавме и воопшто не е позитивно. Пирс Броснан  за тоа прашање го мисли следново:

– Го очекував овој филм со големо нетрпение – изјави Броснан, кој и самиот го глумеше Џејмс Бонд во четири филмови од 1995 до 2002 година.

– Мислам дека беше премногу долг. Приказната беше некако слаба – можеше да биде многу поинтересна. Некако отиде предалеку. Навистина. „СПЕКТРЕ“ не е ниту Бонд, ниту Борн. Дали гледав филм за Бонд? Не гледав филм за Бонд? Но, морам да признаам дека Даниел Крег се покажа како прилично добар актер, го има тој некој лежерен став – го пофали Броснан својот колега. Тој се надева дека Крег ќе го видиме уште еднаш во улогата на агентот МИ6:

– Дајте му уште една година тука и ќе биде подготвен да растури! – смета Броснан.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top