| четврток, 6 декември 2018 |

Пирс Броснан: Џејмс Бонд како црнец или хомосексуалец, зошто да не?

pirs-520x343

Следниот Џемс Бонд може да биде црнец или хомосексуалец, изјави Пирс Броснан, еден од актерите, кои го глумеле ликот на тајниот агент 007, пренесува „Франс прес“.

– Да. Зошто да не? – одговори ирскиот актер на прашање на машкото списание „Деталс“, дали би можел да го одигра Џемс Бонд како хомосексуалец.

– Не мислам дека продуцентката на „Џемс Бонд“, Барбара Броколи, ќе дозволи хомосексуалец Бонд додека е жива. Но ќе биде интересно да се види – додаде тој.

2011-topic-Idris-elba-2

– Ајде да почнеме со некој голем црн актер во улога на Бонд. Идрис Елба ја има потребната физика и харизма за таа улога.

Се зборува дека 42-годишниот британски актер Идрис Елба ќе ја наследи улогата на Даниел Крег, кој веќе 10 години е во улога на британскиот агент.

82039-109957

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top