Актерот Даниел Крег, догодина ќе снима дел од сцените од следниот филм за Џејмс Бонд во Рим. Британскиот актер повторно ќе ја игра улогата на познатиот шпион. Снимањето ќе започне следната недела во Лондон, а потоа ќе продолжи во италијанската престолнина.
Италијанските медиуми објавија дека, неколку сообраќајни несреќи ќе бидат снимани низ тесните улички на Рим, во близина на Ватикан. Ќе има и кадри во кралскиот дворец во Казерта, во провинцијата Кампанија во Јужна Италија.
Снимањето во Италија, најверојатно ќе трае од 19 февруари до 12 март. Режисер на 24 -тиот филм за Бонд, повторно ќе биде Сем Мендес. Се очекува премиерата да биде идната година.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.