| четврток, 6 декември 2018 |

Шокантно видео од нападите во Париз: Рафали кон кафуле, гостите панично се фрлаат на под

Restoran_Pariz_S1_962177S1

Речиси една недела по големиот масакр во Париз се појави видео снимка од надзорната камера на еден од локалите кои се најдоа на мета на терористите поврзани со ИСИС.

На неверојатната снимка до која дошол британски Дејли Меил се гледа моментот во кој почнува нападот во локалот. Работниците на шанкот и гостите во локалот најпрво мирно седат и уживаат за да бидат прекинати со рафална стрелба.

Потоа следува паника, сите лежат на под, некои се кријат зад шанкот… На снимката се гледа и маж за кој Дејли Меил тврди дека е бегалецот Салах Абдеслам, како држи автоматско оружје во рака, најверојатно калашников. Во еден момент го вперува кон гостите во локалот кои се кријат под столовите на терсата. Но од некои причини не пукаше. Нејасно е дали ја потрошил муницијата или автоматот се заглавил.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top