| четврток, 6 декември 2018 |

Терористите подготвувале атентат внатре на стадионот во Хановер

00576948

Планираната пријателска средба меѓу Германија и Холандија во вторникот вечер, наместо во празник за жителите на Хановер, беше на пат да се претвори во вистинска трагедија, откако стана јасно дека органите на редот спречиле планиран терористички акт.
Неколку часа откако контролниот натпревар беше откажан, а гледачите на „HDI Арена“ беа евакуирани, германскиот весник „Билд“ објави таен полициски извештај, од кој станува јасно дека група од неколку терористи подготвувала напад за време на пријателскиот дуел.
Целта била да експлодираат неколку бомби и тоа не околу, туку на трибините на стадионот. Планот на терористичката група бил водачот да биде меѓу гледачите, за да може со камера да го сними крвавиот напад.
Од полицискиот извештај исто така станува јасно дека, истата вечер биле закажани и други напади во Хановер. Втората зацртаната цел била железничката станица, каде требало на полноќ да биде детониран експлозив.
Бомбите, како што веќе е јасно требало да бидат внесени на „HDI Арена“ скриени во амбулантна кола.
За огромна среќа на сите, навремена интервенција на германските власти спречи повторувањето на крвавите напади од 13-ти ноември во Париз.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top