Џастин Бибер заплака на сцена во Лос Анџелес за време на настап. Пејчот подоцна откри дека тоа е поради загубата на неговиот пријател Томас Ајада (34), музички продуцент од градот Амиенс во Франција, кој загина во терористичките напади во концертната сала „Батаклан“.
– Непрекинато размислувам за трагедијата во Париз и за мојот пријател Томас кој повеќе никогаш нема да го видам. Со години беше дел од тимот и би сакал да имав можност уште еднаш да му се заблагодарам за се – тажно рекол Џастин Бибер (21).
Бибер на доделувањето на наградите „ХАЛО хол оф фејм“ (HALO Hall of Fame) замолил за минута молчење во чест на загинатите.
– Почитувајте ги луѓето коишто се покрај вас и покажувајте им го тоа секој ден. Никогаш не знаете што наредниот ден носи – заклучил Бибер.
Во терористичките напади во Париз загинаа повеќе од 120 луѓе, а многумина од нив го загубија животот токму на концертот на бендот „Иглс оф дет метал“.
Тоамс Ајада, менаџерот во издавачката куќа „Меркури рекорд јуниверзал“, го познавал и Кејт Ричардс, кој на соработникот му одсал почест објавувајќи своја фотографија со него.
– Моето искрено сочувство до пријателите и семејството на Томас Ајада. Скршен сум поради трагичниот настан во Париз – напишал легендарниот гитарист.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)