Инспекциските служби на Град Скопје денеска на кејот на Вардар, во близина на мостот каде се влива Серава во Вардар, забележале оган на отворено што го предизвикале непознати лица кои палеле гуми.
Како што информираат од Градот, Инспекторатот веднаш интервенирал на терен и е повикана Противпожарната бригада која го изгаси пожарот.
– Ваквите активности на поединци сериозно влијаат за загадувањето на амбиенталниот воздух и се незаконски. Апелираме на одговорно однесување и воздржување од активности кои ја загадуваат животната средина и амбиенталнот воздух, велат од Град Скопје.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.