Француската фудбалска лига соопшти дека наредена е целосна забрана за присуство на навивачи за време на дуелите од Лига 1 и Лига 2 следниот викенд. Мерките се усогласени со полицијата и властите во земјата и се одговор на континуираната несигурност во земјата по терористичките напади во Париз од ноќта на 13 ноември.
И покрај проблемите со безбедноста, министерот за спорт во Франција, Патрик Карнер, увери дека натпреварите од претстојната рунда ќе се одиграат по план.
Поради загриженоста за безбедноста, пријателскиот натпревар меѓу Шпанија и Белгија не се одржа, а овој меѓу Германија и Холандија беше откажан само 90 минути пред првиот судиски сигнал.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.