| четврток, 6 декември 2018 |

МВР во кампања за безбедни матурски

По четври пат Одделението за полициски станици од општа надлежност и превенција при СВР Скопје, во текот на овој месец планира да започне со реализација на активностите поврзани со проектот “Безбедни  матурски и полуматурски прослави  2012/2013“.

Основна цел на проектот е подобрувањето на севкупната и личната безбедност на учениците – матуранти, за време на матурските прослави. Промоцијата на кампањата, како и понатамошните активности, ќе започнат утре (10.04) во 11,00 часот во рамките на Саемот за образование и кариера и Саемот на книгата, и ќе траат до 12.04.2013 година.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top