Холандските власти размислуваат околу можноста за создавање на нова зона за гранична контрола, во соработка со малку помала група земји, која би функционирала слично на Шенген зоната, соопшти ТАСС, повикувајќи се на телевизијата ЕрТеЕл.
Владата веќе имала некои дискусии по ова прашање. Предвидено е надворешната граница на новата зона да биде обезбедувана, а за да се спречи влез на кандидати за азил без пасоши, се планира да биде воведена пасошка контрола.
Се претпоставува дека во новата зона ќе учествуваат Белгија, Холандија, Луксембург, Германија и Австрија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.