| четврток, 6 декември 2018 |

Му ја отсекле ногата и му ја ставиле под глава како перница

Наместо перница, двајца доктори, под главата на еден пациент му ја ставиле неговата отсечена нога. Инцидентот се случил во државната болница во индискиот град Џанси. Докторите се суспендирани, а жртвата е 28-годишен пациент, кој имал сообраќајна несреќа.

Роднините на тешко повредениот чистач на училишен автобус, кој по несреќата бил префрлен во болница заедно со 25 повредени деца изјавиле дека болничкиот персонал ги игнорирал нивните барања да му дадат перница на пациентот.

Директорот на болницата, Садна Каушник за агенцијата РТИ рекол дека на пациентот веднаш му било укажана помош, а дека ногата под неговата глава ја ставил еден од неговите роднини.

Властите во државата Утар Прадеш наредиле истрага за инцидентот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top