| четврток, 6 декември 2018 |

СДСМ и опозициските медиуми горди на наркомани и криминалци со дебело досие

bosko_josimovski_crven
СДСМ се спушти толку ниско што дојде време да направи пакт и да се брани со Бошко Јосимовски викан Црвен познат по тешки кривични дела, разбојништва, обид за убиства, осуденик за наркотици.
Опозицискиот „Фокус“ направи големо интервју и го стави на насловна страна на својот печатен медиум прикажувајќи го како жртва на власта и амнестирајќи го од делата поради кој е осуден. Бошко Јосимовски e прикажан како жртва на монтиран процес иако јасно се гледа дека потикнува, организира и спроведува насилство врз полицијата.
Во мај оваа година беше еден од предводниците на насилните протести раководени од опозицијата во кој триесетина полицајци беа повредени. И покрај тоа што СДСМ сака да го амнестира има јасни снимки каде се гледа дека токму Јосимовски кој е преставуван како жртва удира со метални шипки и прачки по полицијата и насилно се пресметува .

За ова дело Бошко Јосимовски доби затворска казна од 2 години и 4 месеци, која ја пресуди скопскиот кривичен суд.  Но, ова не е единственото дело. Тој има досие долго како чаршав.
Бошко Црвен и претходно и бил познат на полицијата. Според информациите против него имало поднесено над 40 кривични пријави од кои 15 се за разбојништво, 9 за тешки кражби насилства и убиство во обид, а имал и 16 прекршочни пријави и подолг период одлежувал затворска казна.
За јавноста ова е дното, какви вредности шири СДСМ кога се здружува со осудени криминалци кои глумат жртви само за да нанесат штета врз владата и да се прикажат за жртви. Лицето на СДСМ практично со ова се осудени криминалци кои плукаат со се и сешто. Инаку претходно е познато дека Мери Николова од СДСМ покрена иницијатива за амнестија за осудени криминалци, педофили, насилници, силувачи која за срежа не доби поддршка од мнозинството на пратеници.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top