Магазинот Пипл го прогласи поранешнот англиски фудбалер и татко на четири деца Дејвид Бекам за најсексапилен маж за 2015 година.
Оваа информација е објавена во емисијата на Џими Кимел.
-Тој е најдобриот момент во мојата кариера. Сакам да се заблагодарам на мојот стилист, фризер и на фотошоп, се пошегувал Дејвид.
Иако има 40 години Бекам е симбол на сексипилен маж веќе две децении.
-Никогаш за себе не сум сметал дека сум атрактивен или привлечен, скромно изјавил Бекам.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.




