Бурното исвиркување на едноминутното молчење во спомен на загинатите во терористичките напади во француската престолнина Париз на 13 ноември, пред фудбалската средба Турција – Грција на стадионот „Башакшехир Фатих Терим“ во Истанбул, предизвика бран на незадоволства во земјите од цела Европа.
Снимките од пред почетокот на натпреварот ги обиколија сите телевизии. Жестоките реакции на Европа предизвикаа објаснување од страна на Турците, кое беше објавено од фудбалските навивачи во форумите на светските медиуми.
Најраспространето мислење беше она на Мустафа Јозари, студент во Анадолскиот универзитет. Неговото мислење ја изразува неговата лична позиција, која е антикурдска и ја поддржува државната политика на Турција. Еве што пишува тој:
„Да ја расчистиме ситуацијата: Во Турција (особено за време на фудбалски натпревари) минутата молчење обично се користи за изразување поддршка кон загинатите. Она што навивачите на трибините на натпреварот Турција-Грција скандираат е: „ Şehitler ölmez, vatan bölünmez“, што во превод значи: „Мачениците не умираат (тие се бесмртни), татковината (нашата земја) е непоколеблива“.
– Тоа е навика, останата од историјата и нападите на терористичката ПКК, Работничката курдска партија. Повеќе од 30.000 од нашите сограѓани загинале во последните 30 години како последица на напади на ПКК. Многу од нив се бебиња, жени, деца, наставници, доктори, студенти и војници. По секој еден настан, по напад на ПКК со жртви турски државјани, луѓето го скандираат тоа. Ќе споделам и видео од натпревар од Премиерлигата на Турција, во кој се користи истиот слоган: „Şehitler ölmez, vatan bölünmez“.
– Освен тоа исвиркувањата беа насочени кон терористите, а не кон жртвите. Секоја една жртва на тероризам е прифатена како маченик во турската култура. Инсистирам сите медиуми кои објавуваат информации за исвиркувања кон жртвите, да ги коригираат своите информации. Затоа што овие вести создаваат омраза од светски размери кон мојот народ и тоа неосновано.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)



